Македонските каратисти Бојан Костов и Роберто Ацковски кои ги освоија бронзените медали на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое се одржа во Будимпешта, беа на прием во Агенцијата за млади и спорт.
Костов се закити со бронзата во кадетска категорија до 55 килограми. Тој успеа да забележи три победи, а во полуфиналето беше несреќно поразен од европскиот шампион Азербејџанецот Султан Хусеинов. Ацковски во категоријата на помлади сениори У21 до 67 килограми во мечот за бронзата беше подобар од Русинот, Олег Кавка. Претходно, во главната фаза Ацковски забележа четири победи, а беше поразен во полуфиналето од Црногорецот, Бојан Бошковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА