Брозовиќ и дал „корпа“ на Барселона

Марсело Брозовиќ одлучил да остане во Милано и покрај интересот на Барселона и Тотенхем. Актуелниот договор што го има Брозовиќ со Интер истекува по завршувањето на сезоната. Клубот му понуди нов, со годишна плата од 6.000.000 евра, плус дополнитени бонуси.

Според „Газета дело Спорт“, прашање на денови е кога Интер и Марсело ќе потпишат договор за продолжување на меѓусебната соработка.

Брозовиќ добил понуда од Барселона, по завршувањето на сезоната да се пресели на „Ноу Камп“, како слободен играч, но хрватскиот репрезентативец ја одбил понудата, со образложение дека сака да остане во Интер.

Брозовиќ пред седум години се пресели во Интер од Динамо Загреб. За него Интер плати 8.000.000 евра. Според „Трансфермаркт“, Брозовиќ на фудбалскиот пазар вреди 40.000.000 евра.

Се вчитува...