Хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ е најновото име кое се најде на списокот на желби на актуелниот европски првак Реал Мадрид. Тој би можел да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ веќе во зимскиот преоден рок и да биде всушност наследник на неговиот колега од репрезентацијата, Лука Модриќ. Извесно е дека Модриќ ќе си замине на крајот од сезоната, а Брозовиќ би бил речиси идеална негова замена.
Реал Мадрид е подготвен да ја плати отштетата од 60 милиони евра која стои како клаузула во договорот на Брозовиќ и веднаш да почне преговори со фудбалерот за неговите лични услови. Тоа секако ќе биде поевтина опција од евентуалниот ангажман на Кристијан Ериксен од Тотенхем, за кого англискиот премиерлигаш бара 80 милиони евра. Покрај ова, Реал Мадрид е заинтересиран и за Маркус Рашфорд, младиот напаѓач на Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА