Хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ го напушта Интер и се сели во Шпанија. Во последниот ден од зимскиот преоден рок, Севилја е клубот што ќе го добие одличниот хрватски играч за врска како позајмен играч, со опција за задолжително откупување на неговиот договор на лето.
Севилја сега ќе плати само еден милион евра за да го позајми Брозовиќ од „нероаѕурите“, а на лето ќе треба да исплати 28 милиони евра за комплетно да го откупи неговиот договор од италијанскиот калчолигаш.
Хрватот се поврзуваше и со можен трансфер во Арсенал и во Евертон, но на крајот ќе се пресели на Пиринеите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА