Италијанскиот калчолигаш Интер ќе биде без услугите на хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ во наредните триесетина дена. Тоа значи дека ќе отсуствува до средината на ноември. Тој беше најзаслужен за триумфот на „нероаѕурите“ против Беневенто, но се повреди на настапот за репрезентацијата на Хрватска против Финска (1-1).
По ова Брозовиќ се врати во клубот, а лекарските прегледи покажаа дека се работи за посериозно истегнување на мускулот на десната нога.
Интер се подготвува за неделното дерби против градскиот ривал, познатиот дуел „Дерби дела Мадонина“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА