Брозовиќ се враќа во Европа?

Во Јувентус веќе работат на стратегија за трансфери за следниот преоден рок, а еден играч веќе се споменува како потенцијална цел. Марцело Брозовиќ го напушти европскиот фудбал пред две сезони и замина во Саудиска Арабија, каде што е член на Ал Наср.

Иако има 33 години, во Италија сметаат дека може да биде на високо ниво уште неколку сезони, па така се најде на радарот на Јувентус. Спалети сака да ја зајакне играта во средината на теренот, а токму хрватскиот играч од средниот ред е обележан како некој што треба да придонесе за тоа.

Договорот на Брозовиќ со Ал Наср истекува следното лето, но неговата висока плата може да биде проблем за Јувентус, бидејќи заработува околу 25.000.000 евра годишно. Ќе видиме дали искусниот фудбалер е подготвен да се откаже од големи пари за да се врати во италијанскиот фудбал.

Се вчитува...