Хрватска е една од двете репрезентации кои ќе го претставуваат екс-ју фудбалот на Светското првенство во Катар. „Коцкесите“ по големиот успех во Русија во него влегуваат како вицешампиони и со големи амбиции целат на нов висок пласман.
За тоа говореше и Марсело Брозовиќ кој вели дека пристапот мора да биде максимален на секој натпревар, а посакува да заврши едно место отколку во Русија.
„Нашиот императив е да ја поминеме групата па понатаму одиме чекор по чекор. Мораме да го дадеме максимумот на секој натпревар, подеднакво без разлика дали некој ќе биде на теренот или трибината. Ако имаме ваков пристап нема да имаме проблеми. Сакам да бидеме едно место погоре од претходното СП“, низ смеа вели фудбалерот на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА