Долгогодишниот помошник селектор на српската репрезентација, Мута Николиќ смета дека последиците за неуспехот на „орлите“ на Евробаскетот треба да ги сноси единствено селекторот Светислав Пешиќ.
Трофејниот стручњак роден во Крагуевац беше целосно затекнат од дебаклот на Србија на ЕП, а нема дилема кој е одговорен за раната елиминација на еден од најголемите фаворити.
„Ова е ср*ње, јас сум многу нервозен. Цел народ е разочаран. Селекторот Пешиќ треба да преземе одговорност и да си поднесе оставка, иако договорот му истекува на крајот на месецот. Има ли морал? До кога ќе добиваат големи пари селекторите за неколку месеци работа годишно, а играчите играат бесплатно? А потоа ако играчот не сака да игра не е патриот“, изјави Николиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

