Белградски Партизан доживеа вистински срам на гостувањето против дански Нордсјиланд во првиот натпревар од плејофот во УЕФА Конференциската лига. Црно-белите доживеаја убедлив пораз од 5-0 со што веќе сигурно немаат никакви шанси за обезбедување групна фаза во третото по квалитет европско клупско натпреварување.
Партизан и во претходната рунда едвај го преживеа азербејџанскиот Сабах, елминирајќи го по подоброто изведување пенал, но сега наиде на извонредниот Нордсјиланд кој му сервираше „петарда“.
Посебно за издвојување е првиот гол на Нордсјиланд кој го постигна Фресе уште во 11. минута од средбата…
Во продолжението погодија и Ингвартсен со два погодоци од пенал во 43. и во 64. минута, Виладсен во 73. минута, а во 88. минута Илиќ со автогол ги постави конечните 5-0 за данскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА