БРУКА на Партизан: Срамно понижување од Жалгирис – пораз од 41 поен (ВИДЕО)

Кошаркарите на Партизан доживеаја повеќе од срамен пораз на гостувањето против Жалгирис во 17. коло од Евролигата. Црно-белите запишаа пораз од неверојатни +41 поен разлика (109-68), за тотално понижување на крајот на гостувањето во Литванија.

Нема што многу и да се зборува за натпреварот во кој се беше јасно уште од самиот почеток. Литванците ја добија првата четвртина убедливо со 28-15, гостинските кошаркари како воопшто да немаа желба за надигрување, па Жалгирис само рутински си ја заврши работата за конечна победа од 109-68.

Франциско со 22 поени беше најефикасен кај Жалгирис, а Двејн Вашингтон постигна 17 додека Бруно Фернандо – 16 поени кај Партизан.

Се вчитува...