Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати победувајќи го домашниот тенисер Бен Шелтон, по само еден час и 17 минути борба, со 6-2, 6-2.
Третиот тенисер во светот доминираше речиси од самиот почеток, а првиот брејк го направи откако противникот имаше 40-0 на сервис.
На крајот, општо разочарување на стадионот во Синсинати и само една брејк-топка за Шелтон во целиот натпревар, со дури четири изгубени сервиси, повеќе отколку што имаше на целиот турнир до овој натпревар и во претходните шест натпревари заедно.
Running up that hill 💪@AlexZverev remains perfect against Ben Shelton with a 6-2 6-2 triumph. #CincyTennis pic.twitter.com/kjbkS9XutN
— Tennis TV (@TennisTV) August 16, 2025
Во полуфиналето се пласираше и Карлос Алкарас, моментално рангиран број 2 во светот, кој го победи Русинот Андреј Рубљов со 2-1 во сетови.
По два часа и 13 минути игра во Охајо, Алкараз победи со 6-3, 4-6, 7-5 и сега во полуфиналето ќе игра против Зверев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

