Кошаркарската репрезентација на Велика Британија ја победи Црна Гора со 89-83 и, сосема неочекувано, ги елиминира од Евробаскетот.
Одличната игра на Никола Вучевиќ беше залудна за Црногорците, неговите 31 поен, 11 скока и 7 асистенции, индекс 40, не помогнаа да се совладааат Британците кои направија големо изненадување, победувајќи за прв пат од 2013 година на Евробаскетот,.
Уште позачудувачки е што и островјаните го завршуваат натпреварувањето. Во осминафиналето „ни крива ни должна“ ќе оди Шведска.
Во триаголникот на екипи со една победа (Шведска, Црна Гора и Велика Британија), Швеѓаните се поуспешни, а уште пред натпреварот со Литванија успеаја, со помош на Британците, да се пласираат во првите 16.
Шведска лесно може да биде првиот ривал на Србија во нокаут фазата, под услов Србија да победи против Турција и со тоа да го обезбеди првото место во Групата А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

