Поранешната голема англиска фудбалска ѕвезда Деле Али одново се „избрука“ откако по 748 дена пауза од играње професионален фудбал доби шанса за настап во дресот на Комо, но одигра само девет минути пред да добие црвен картон по остар старт на сонародник во редовите на Милан.
Англичанецот доби шанса во 81. минута при негатива на неговиот тим од 2-1, можеше со некој добар потег да биде и херој, но остана потсмев на социјалните мрежи по непромислениот прекршок над Рубен Лофтус Чик за кој прво доби жолт картон, но по сугестија на ВАР беше променет во црвен.
Потегот вреден црвен картон на Али може да го погледнете ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА