Кошаркарите на Бруклин Нетс убедливо го победија Лос Анџелес Лејкерс со 123-97 во првиот подготвителен натпревар пред почетокот на новата сезона.
Нетс брзо се здобија со двоцифрена предност, која не изнесуваше повеќе од плус 12, но домашниот тим успеа за момент да се врати, па во последната четвртина влезе со минус три поени.
Сепак, Бруклин постигна дури 39 поени во последната четвртина и во еден момент направи разлика од 29 поени. Најефикасен во тимот на Стив Неш, кој не сметаше на Кевин Дурент, Џејмс Харден, Кајри Ирвинг, Пети Милс и Блејк Грифин, беше Кам Томас со 21 поен, по 13 поени запиша Дејрон Шарп, додека Пол Милсап додаде 10 поени и скокови.
“THT, THROW IT DOWN!”#NBAPreseason on NBA TV pic.twitter.com/Ec5E38EW7P
— NBA (@NBA) October 3, 2021
https://www.youtube.com/watch?v=t4RlcRcAUzo
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

