Ветераните Џамал Крафорд и Мајкл Бизли се нови кошаркари на Брунклин Нетс. Многумина мислеа дека кариерата на двајцата кошаркари е завршена, но ситуацијата со пандемијата од коронавирусот и многуте откажувања во тимот, доведе до тоа овие двајца кошаркари повторно да бидат дел од најсилното првенство во светот. Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Спенсер Динвиди веќе го откажаа својот настап, а најверојатно во Орландо нема да патува ниту искусниот центар Де Андре Џордан.
Поранешниот кошаркар на ЛА Клиперс, Њујокр Никс, Чикаго Булс, Феникс Санс и Минесота Тимбервулфс. Минатата сезона ја помина во Феникс, а Крофорд е единствениот кошаркар во НБА кој со четири различни тима постигнал 50 поени на еден натпревар. Бизли минатата сезона настапуваше за ЛА Лејкерс, а во кариерата играше и за Хјустон, Милвоки, Њујорк, Мајами, Феникс и Минесота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА