Бруклин Нетс го повлекуваат дресот со број 15 во чест на Винс Картер

НБА франшизата Бруклин Нетс ќе го повлече дресот со број 15 во чест на легендарниот американски кошаркар Винс Картер.

Специјалната церемонија ќе биде одржана на 25. јануари во „Барклејс Центарот“ на натпреварот против Мајами Хит и тоа ќе биде седми дрес кој ќе биде повлечен од употреба по дресот со број 3 во чест на Дражен Петровиќ, бројот 5 во чест на Џејсон Кид, бројот 23 во чест на Џон Вилијамсон, 25 на Бил Мелкиони, 32 на Џулиус Ирвинг и 52 на Чарлс Вилијмас.

Картер дресот на овој тим го носеше пет сезони и одигра 374 натпревари бележејќи просек од 23.6 поени, 5.8 скокови, 4.7 асистенции и 1.2 украдени топки по натпревар.

Три пати го претставуваше овој тим на Ол-стар натпреварите и е трет најдобар поентер во историјата на франшизата со 8.834 поени.

Се вчитува...