Бруклин успеа да слави на гостувањето против Детрит со 100-101 во драматична завршница, во еден од синоќешните мечеви во НБА лигата.
Бруклин во поголем дел од мечот имаше предност, но ја испуштија во последните минути. Во последната секунди Спенсер Динвиди погоди и „циркуски шут“ покрај Смит и Драмонд и донесе победа за Бруклин.
SPENCER DINWIDDIE WINS IT FOR THE NETS pic.twitter.com/OTqgDGkahp
— nbaayy (@nbaayy) January 21, 2018
Токму Динвиди беше најефикасен кај Бруклин со 22 поени, додека Холис-Џеферсон постигна 21 поен. На спротивната страна, Детроит го предводеше Тобиас Харис со 20 поени, додека Стенли Џонсон постигна 18 поени.
ЛА Лејкерс во својот „Стејплс центар“ славеа против Њујорк никс со 127-107.
Лејкерси до победата ги предводеа Џордан Кларксон и Џулиус Рендл, кои имаа „дабл-дабл“ ефект. Кларксон имаше 29 поени и 10 асистенции, а Рендл заврши со 27 поени и 12 скока.
Сан Антонио, ослабен со неиграње на неколку важни кошаркари, запиша втор пораз во низа. По Торонто, Спарси загубија и од Индијана со 86-94.
Победничката екипа ја предводеше Виктор Оладипо со 19 поени, а 15 поени постигна Дарен Колисон. Кај Сан Антонио немаше посебно расположени поединци. Најефикасен беше По Гасол со 14 поени, додека по 12 поени постигнаа Форбс и Паркер. ЛаМарку Олдриџ имаше „тенок дабл-дабл“ од 10 поени и 10 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА