Бруна и Нејмар, најсекси двојка на Мундијалот

Светското фудбалско првенство во Русија не го привлекува вниманието само поради спортските возбудувања. Со најславните фудбалери кои учествуваат на Мундијалот, неизбежно одат и нивните секогаш суператрактивни партнерки. Во изборот на најатрактивните парови се најдоа најголемите ѕвезди и нивните избранички. Четирите најсекси двојки се Нејмар, Кристијано Роналдо, Серхио Рамос и Деле Али со партнерките.

Нејмар и Бруна Маркезин

Нејмар и неговата избраничка, Бруна Маркезин, се љубители на насловните страници, на модните настани и гламурозните свечености. Нивното присуство е секогаш силно забележано од медиумите. Бруна има 22 години, во Бразил е позната актерка и фотомоделка.

Деле Али и Руби Ме

Најталентираниот играч за врска на англиската фудбалска репрезентација, Деле Али, е ѕвезда во подем кога се работи за фудбалот. Неговата девојка пак, Руби е популарна моделка. Овие денови исклучително е присутна во медиумите и на насловните страници. Руби е прогласена за најсексапилна меѓу девојките на фудбалерите на Светското првенство.

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Првото официјално појавување на овој пар беше во 2016 година. Роналдо и Георгина ја објавија веридбата пред некое време. Тие двајца го делат старателството над децата на Роналдо, а заедно ја имаат и ќеркичката Алана Мартина.

Серхио Рамос и Пилар Рубио

Италијанското издание на „Вог“, годинава ги прогласи капитенот на шпанската репрезентација, Серхио Рамос и неговата партнерка, репортерката, Пилар Рубио, за најдобро стилизиран пар. Во текот на долгогодишната врска, Серхио и Пилар имаат три деца. Во 2008 година, магазинот „FHM“ ја прогласи Пилар за најсексапилна жена.

 

 

Се вчитува...