Поранешниот тренер на Шкендија, Бруно Акраповиќ е пред преземање на клупата на новиот македонски прволигаш Беса.
Беса денеска ја официјализираше разделбата со досегашниот стратег Александар Таневски, а прв кандидат за негов наследник е 56-годишниот Акраповиќ.
Беса веќе испрати понуда до Акраповиќ па се чека одговорот од босанскиот тренер чиј последен ангажман оваа година беше клупата на сараевски Железничар од каде замина во месец април. Доколку одговорот на Акраповиќ биде негативен, нов тренер на Беса се очекува да биде поранешниот тренер на Воска спорт, Берат Имери.
Акраповиќ ја водеше Шкендија во сезоната 2015/16 кога го освои Купот на Македонија, како и во сезоната 2021/2022. Потоа беше тренер и на хрватски Сплит, како и на бугарските прволигаши Локомотив Пловдив и ЦСКА Софија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА