Бруно Дита: Ништо не е завршено, со поддршка од навивачите до пласман во третата рунда

Еден од најискусните во редовите на Шкендија, фудбалерот од средниот ред Бруно Дита максимално оптимистички го очекува утрешниот реванш-дуел од 2. квалификациско коло во Конференциската лига против летонската Валмиера.

Тетовци имаат предност од 2-1 од првиот меч, но истата ќе мора да ја зачуваат и потврдат на домашен терен за пласман во следната рунда натпревари.

„Имаме позитивен резултат од Летонија, но видовме дека тие се незгодна екипа која создава многу шанси. Успеавме да ги неутрализираме во Рига, но ќе мора тоа да го повториме и тука. Мора да бидеме внимателни на нивните навивачи. Навистина ќе треба повторно да одиграме на максимално ниво, без залажување дека се е веќе завршено и со поддршка од навивачите да дојдеме до третата рунда“ – истакна Дита на средбата со медиумите.

Реванш-натпреварот меѓу Шкендија и Валмиера од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига се игра утре со почеток од 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...