Големата дерби-пресметка од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига е утре од 13 часот на Чаир. Шкупи ја пречекува Шкендија во битката за лидерската позиција на табелата.
Шкупи ја има предноста на домашниот терен, но тетовци пристигнуваат полни со желба за освојување на бодовите кои и тоа како ќе бидат значајни во понатамошната битка за шампионската титула.
Интернационалецот во редовите на Шкендија, Бруно Дита, вели дека на Чаир одат со намера за трите бода.
„Заслужено победивме во претходното коло со Работнички на меч на кој одигравме навистина добро. Натпреварот со Шкупи сега доаѓа во вистински момент за нас и мислам дека имаме сили да славиме во Чаир. Секако сакаме да се вратиме дома со трите бода, но знаеме дека нема да биде лесно. Ќе биде тоа голема борба за бодовите“ – вели Дита.
Шкендија на мечот ќе биде без Максимов, Ќаќа и Красниќи, но сепак очекува и посакува триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

