Португалија загуби од Мароко во четвртфиналето на Мундијалот во Катар. Искусниот дефанзивец Пепе не можејќи да се помири со елиминацијата веднаш се појави со неверојатни теории на заговор.
Пепе по мечот искажа револт што главен судија на дуелот со Мароко беше Аргентинецот, Факундо Тељо и тоа во момент кога Меси вчера отворено пред јавноста се жалеше на судењето.
„Неприфатливо е тоа што аргентински судија ја делеше правдата на овој меч и тоа само ден по тоа што се случи вчера и сите тие поплаки од страна на Лионел Меси. Од тоа што го видов денеска на терен уште веднаш може титулата да им биде доделена на Меси и на Аргентинците. Што да се мачат?“ – истакна Пепе.
За коментар на оваа теза на Пепе беше прашан и Бруно Фернандеш кој истакна…
„Не знам дали ќе им ја подарат титулата на Аргентинците. Не ме интересира, кој ги е.е. Но, чудно ми е што нам ни суди човек од земја која и натаму е во првенството. Ги насочија случувањата на теренот против нас. Ни судат Аргентинци, а нема ниту еден португалски судија на првенството. Тоа е недопустливо“ – истакна Фернандеш.
Мароко во полуфиналето ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Франција и Англија, додека во второто полуфинале ќе играат Хрватска и Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА