Бруно Фернандеш доби неочекувано и непосакувано „признание“, откако португалскиот фудбалер беше избран за најиритантен играч во Премиер-лигата.
Анкетата ја организираше една британска обложувалница, која праша над 1.000 фанови на различни клубови од Англија кој фудбалер го сметаат за најфрустирачки, играч кој со своето однесување ги нервира ривалите, официјалните лица и навивачите.
Фернандеш беше убедливо прв, освојувајќи 25% од вкупниот број на гласови, а интересно е што на третото место се најде уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед, Антони со 12% од гласовите. Меѓу нив, второпласиран е Џек Грилиш од Манчестер Сити со 20% од вкупните гласови во анкетата.
Зад водечката тројка се наоѓа голманот на Евертон, Џордан Пикфорд со 11%, пред Ричарлисон од Тотенхем со 7%, зад кој следи левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон со 6%.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА