Бруно Фернандеш го продолжи договорот со Спортинг Лисабон

Португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш иако во последниот трансфер период беше на мета на европските гиганти, реши да го продолжи договорот со Спортинг Лисабон. Се шпекулираше дека би можел во јануари да ја промени средината, но шансата за тоа е сведена на минимум, бидејќи ја продолжи верноста кон португалскиот клуб.

„Горд сум бидејќи мојот труд е препознат. Потпишав нов договор и стварно се чувствувам одлично во Лисабон. Отсекогаш сум давал се од себе за успех на клубот“, изјави Фернандеш по потпишувањето на договорот. 

Фернандеш се обврза на верност на клубот до 2023 година, а сега доколку големите европски гиганти сакаат да го доведат во своите редови ќе мора да платат многу повеќе од првичната цена.

Се вчитува...