Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш беше исклучен трет пат оваа сезона. Вечерва доби црвен картон на мечот со Вулверхемптон на стартот на вториот дел.
Португалецот беше исклучен поради втор жолт картон. Првиот го доби во 18. минута за прекршок, а вториот откако го згазна Нелсон Семедо за ногата.
Фернандеш со тоа израмни негативен рекорд по добиени црвени картони во една сезона на Немања Видиќ во 2008/09. Екс дефанзивецот исто така доби три исклучувања во таа сезона.
Играчот од средниот ред претходно беше исклучен на меч со Тотенхем 0-3, и против Порто во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА