Бруно Фернандеш сака да биде Андрес Иниеста

Новата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, сака да биде играч како Андрес Иниеста за кого вели дека е еден од најдобрите во светот. Португалецот одлично се адаптираше на „Олд Трафорд“ по трансферот од Спортинг во јануари. 25-годишниот фудбалер е на добар пат да стане миленик на клубот, но начинот на игра и моделот кој го избира за себе не доаѓа од редовите на Јунајтед.

Фернандеш вели дека неговиот модел на фудбалер е Иниеста, играч кој презема ризици и за кој вели дека е нејасно како никогаш не ја добил „Златната топка“.

„Сакам да го гледам Иниеста затоа што тој е мешавина на ’осумка’ и на ’десетка’. Тој е играч кој секогаш сака да ја има топката. Не ми е јасно како на сите негови успеси и торфеи, кариерата ја заврши без „Златна топка“ – вели Фернандеш.

Покрај Иниеста, идол на Фернандеш кога растел бил и Роналдињо за кого вели дека буквално „го лепел за ТВ“.

 

 

Се вчитува...