Бруно Фернандеш во 91. минута донесе „ѓаволско“ славје во Лондон (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед стави крај на црната низа на резултати во Премиерлигата откако во 11. коло славеше на гостувањето кај Фулам со 0-1 благодарение на голот на капитенот Бруно Фернандеш во 90. минута.

Манчестер Јунајтед поведе со голот на Мек Томинеј уште во осмата минута од натпреварот, но го прегледот на ВАР снимката во недозволена позиција се најде Хари Мегваер кој и покрај тоа што не учествуваше директно во акцијата, му засмета на протвиничиот фудбалер да интервенира на асистенцијата на Гарначо.

Фулам беше подобар противник во поголемиот дел од второто полувреме, но домаќините не го издржаа притисокот. Бруно Фернандеш одлично се најде пред шестнаестникот во 90. минута од мечот, издрибла два противнички фудбалери и го совлада Лено за големо славје на гостинските фудбалери и навивачи.

Се вчитува...