Бруно Гимараеш херој на Њукасл во победата над Нотингем Форест (ВИДЕО)

Фудбалерите на Њукасл во крајно интересен натпревар славеа на гостувањето кај Нотингем Форест со 2-3 во последниот меч од денешната понуда од 24. коло во англиската Премиерлига.

Гостите до водство од 0-1 стигнаа со голот на Бруно Гимараеш во 10. минута. На 1-1 израмни Еланга во 26. минута, додека ново водство за гостите донесе Шар во 43. минута. Сепак, тоа не беше се од првиот дел бидејќи Нотингем Форест во судиското надополнување преку Хадсон Одои израмни на 2-2.

Конечните 2-3 беа дело на Бруно Гимараеш кој со својот втор гол на мечот донесе голема победа за Њукасл.

Nottingham Forest 2 – [3] Newcastle – Bruno Guimaraes 67′
byu/PSGAcademy insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...