Манчестер Јунајтед го одигра еден од своите најдобри натпревари сезонава заслужено стигнувајќи до бод на гостувањето против лидерот Ливерпул, а лесно можеше да се случи „црвените ѓаволи“ да стигнат и до цел плен ако Мегваер не промашеше зицер во 97. минута на „Енфилд“.
Капитенот Бруно Фернандеш може да биде горд од изданието на својата екипа, но не го крие разочарувањето од еден друг аспект на Манчестер Јунајтед.
„Табелата во лигата никогаш не лаже. Загубивме премногу бодови, па дури и денеска, стигнавме до реми иако можевме да дојдеме и до цел плен. Резултатот е добар, но јас лично сум многу разочаран. Кога можевме да излеземе на терен и да одиграме вака квалитетно на Енфилд против Ливерпул, зошто не го правиме тоа на секој натпревар. Се почнува од секој од нас поединечно, вклучувајќи ме и мене како капитен, мораме да играме со храброст и со гордост како денеска, ако го сториме тоа ќе дојдат и резултатите“, порача Бруно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА