Манчестер Јунајтед славеше во трилер-дуелот со Ливерпул благодарение на голот на Диало во 120. минута, а во фанатичната прослава на победничкиот погодок херојот на „црвените ѓаволи“ доби црвен картон, за вториот жолт поради соблекување на дресот при славењето.
Капитенот Бруно Фернандеш јавно проговори на оваа тема, порачувајќи дека тоа е едно од најбизарните фудбалски правила кои треба што поскоро да бидат укинати.
„Тоа беше навистина еуфоричен момент што секој може да го прослави на најразличен начин. Диало реши да го соблече дресот и сметам дека тоа не треба да биде забрането. Фудбалерите треба да имаат слобода при прославата на головите, секако се додека ги почитуваат противниците и слават без никаква провокација. Затоа, некој треба да размисли ова правило што поскоро да се укине“, изјави Бруно Фернандеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА