Бруно: По овој совет од сопругата решив да останам во Манчестер јунајтед

Бруно Фернандеш веќе втор преоден рок во низа е при самиот врв на листата со желби на гигантите од Саудиска Арабија, но португалскиот ас и летово реши да ја одбие богатата понуда од Ал Хилал и реши да остане во Манчестер Јунајтед.

Капитенот на „црвените ѓаволи“ викендов ќе го игра јубилејниот 300. меч за англискиот гигант, а во последното интервју за медиумите на „островот“ тој отворено говореше и за понудите од Саудиска Арабија.

„Сите знаат дека зборував со Ал Хилал, потоа имаше и понуди од други клубови, но мојот став остана ист. Не сакав да ја менувам средината, да заминам во Саудиска Арабија. Ако решев да заминам, знам дека управата на Јунајтед ќе ме пуштеше, но истовремено и јасно ми ставија до знаење дека сакаат да останам, тоа многу ми значеше.  Зборував и со сопругата, а нејзиниот совет многу ми помогна да пресечам. Ме праша дали чувствувам дека сум постигнал се што сум сакал со Манчесте јунајтед. Знаев дека не е така, после тој разговор веќе немав дилема дека сакам да останам“, обелодени Бруно Фернандеш.

Се вчитува...