Бруно повторно впери прст во окото на Карик со последниот потег

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, повторно се најде во фокусот на англиската спортска јавност откако „лајкна“ објава на тема лојалност и рамнодушност во моменти кога на „Олд трафорд“ врие поради катастрофалните резултати сезонава и неговиот однос со менаџерот Мајкл Карик.

Бруно „лајкна“ објава објавена на Инстаграм“ на која се прикажува сцена од анимираниот филм „Инерција“ од 2014 година и во која има порака „Никогаш немојте да доведе лојална личност до точка по која престанува да се грижи“.

Потегот на Португалецот доаѓа во момент кога атмосферата во соблекувалната на Манчестер Јунајтед е на многу ниско ниво.

Тензиите меѓу Фернандес и менаџерот Мајкл Карик ескалираа откако Португалец јавно ја критикуваше тактиката за дуелот со Комо во ЛШ во кој Манчестер Јунајтед беше декласиран со 4:2.

Фудбалерот тогаш рече дека Карик и неговите помошници донеле одлука да не се игра индивидуален пресинг и порача дека екипата морала да преземе поголем ризик.

Карик му возврати така што го остави Фернадес на клупата за резервни играч против Борнмут во кој „црвените ѓаволи“ загубија со 0:3.

Се вчитува...