Брутален нокаут на Переира за само минута и 45 секунди (ВИДЕО)

Бразилецот Алекс Переира приреди спектакл на УФЦ 300 викендот одбранувајќи го шампионскиот појас во полутешка категорија со брутален нокаут против Џамахал Хил.

На Переира му беа потребни само минута и 45 секунди да го одбрани појасот погодувајќи го Американецот со лево кроше по кое тој падна, а на Бразилецот му остана само полесната задача да ја заврши борбата на подот.

Се вчитува...