Брутална надмоќ на Баерн – Победа од 8-1…. (ВИДЕО)

Лесно, убедливо, авторитетно, како и на повеќето натпревари оваа сезона, Баерн го заврши натпреварот со Волфсбург, славејќи со 8-1 во 16. коло од Бундеслигата.

Ова беше најубедливата победа на баварската казнена експедиција, по онаа што ја забележа на почетокот на сезоната против Лајпциг (6-0). Нема што многу да се каже за мечот на „Алијанц Арена“, освен брутална надмоќ.

Лидерот во Бундеслигата постигна седум гола уште до 76. минута.

Леон Горецка потоа стави крај со спектакуларниот гол во финишот.

Двапати немоќните гости ја погодија сопствената мрежа, прво во 5. минута кога Килијан Фишер го совлада својот голман, потоа во 53. кога Мориц Јенц исто така беше невнимателен пред сопствениот гол.

Преостанатите стрелци за тимот од Минхен беа Луис Дијаз, Михаел Олисе двапати, Рафаел Гереиро, Хари Кејн и претходно споменатиот Горецка.

Се вчитува...