Хрватот Горан Иванишевиќ, актуелниот тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, предизвика бура во хрватската јавност откако се појави со брутална објава против својата поранешна сопруга Татјана Драговиќ.
Иванишевиќ објави детали од нивната судска битка, наведувајќи дека поранешната сопруга ги зарабоила бесправно неговите пари спечалени низ богатата тениска кариера.
„Така, во мигот кога се осмелив да си ги побарам заработените пари пред и за време на бракот, коишто Т.Д. ги присвои и покрај сите закони и договори, станав семеен насилник и миленик на судовите. Сега само ја чекам тужбата што треба да утврди дека предметната Т.Д. го освоила Вимблдон и два олимписки медали, а можеби и некој друг грандслем турнир, но тоа допрва треба да го утврди судот“, напиша Иванишевиќ, наведувајќи дека неговите адвокати долго време се занимаваат со оваа работа.
Хрватските медиуми објавија и дека Иванишевиќ ја тужел и својата ќерка Амбер барајќи и половина од стан што и го дала нејзината мајка, тврдејќи дека тоа подарување на станот е „против моралот на хрватското општество“. Иванишевиќ бара на Драговиќ да и се одземе и дел од имотот што правно и припаѓа врз основа на нивните претходни договори, а исто така, и таа да врати фиктивен заем од 2,5 милиони евра. Хрватски „Национал“ пишува дека судот веќе ги блокирал сметките на Драговиќ со забрана за располагање со имотот.
Но, од друга страна Драговиќ пред медиумите обвинува дека полицијата и судот ги игнорираат сведочењата за семејно насилство од страна на Иванишевиќ.
„Мислам дека покажуваат пристрасност. Полицијата и судот се под негово влијание затоа што е позната личност и ги игнорираат сите наши поднесоци за семејно насилство“ – вели Татјана Драговиќ.
Горан и Татјана биле заедно од 1998 година. Во 2004 година ја добија ќерката Амбер Марија, а по три години и синот Емануел. По бројни семејни перипетии, Горан и Татјана се развеле во 2013 година. Сега Иванишевиќ е оженет со радиоводителката Нивес Чановиќ, која истакнува дека максимално го поддржува својот сопруга во битката против поранешната сопруга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

