Брутална последна минута на Јокиќ за триумф на Денвер (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер славеа како гости во Филаделфија со 137-134, во повеќе од драматичен меч во НБА лигата во кој повторно човек на одлука беше никој друг туку Никола Јокиќ, кој само во последната минута постигна осум поени, со што го неутрализираше настапот на Тајрис Макси на спротивната страна.

Јокиќ натпреварот го заврши со 28 поени, 13 асистенции, девет скока, две украдени топки и шест загубени топки. Погоди 11/16 од поле, 2/3 за три поени, и 4/5 од линијата за слободни фрлања.

Интересно, српскиот центар не беше најефикасен во редовите на Нагетс, бидејќи Џамал ​​Мареј постигна 31 поен, доплнети со 11 асистенции и шест скока. Мајкл Портер Џуниор додаде 24 поени и шест скока, Џулијан Ли Стротер имаше 18 поени, Кристијан Браун 15, а Арон Гордон 11 поени.

Кај Филаделфија, која беше без Џоел Ембиид, феноменален беше Тајрис Макси со 42 поени, девет асистенции и два скока. Гершон Јабусуле забележа 28 поени и седум скока, додека Кели Оубре имаше 27 поени, седум скока и пет асистенции.

Денвер ја прекина серијата од три порази и моментално е четврти во поредокот со скор 29-29. Ова е прв пораз на Филаделфија по четири последователни победи и се наоѓа на 11. место на Истокот со скор 19-28.

НБА – РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – ЛА Клиперс 104-112
Детроит – Далас 117-102
Филаделфија – Денвер 134-137
Торонто – Чикаго 106-122
Њу Орлеанс – Бостон 116-118
Сан Антонио – Милвоки 144-118
Голден стејт – Феникс 105-130

Се вчитува...