Брутални навреди од Порто за Роналдо: И се осветивме на таа свиња…, сега мајка му нека објавува видеа

Порто успеа да го елиминира Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите. Очекувано Португалците не го криеја задоволството од резултатот во Торино, но имаше од таборот на Порто и брутални навреди кој најголемата ѕвезда на Јувентус и нивни сонародник, Кристијано Роналдо.

Фернандо Саул, човекот кој работи во Порто како официјален спикер на натпреварот, го навреди јавно Роналдо користејќи повеќе од брутални навреди.

„Им се осветивме на италијанските лопови за поразот во Базел во 1984 година (финале од Купот на победниците на куповите). И се осветивме на таа свиња Роналдо за се што правеше на Драгао. Чекам видео од Долорес (мајката на Роналдо) и останатите штрбави членови на семејството“ – напиша Саул на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saul (@fernandosaul)

А, не е ова првпат Саул да биде така жесток. Пред четири месеци беше суспендиран на еден месец поради коментар за време на натпреварот со Бенфика кога на стадионот преку озвучувањето истакна дека сите се „уморни од кражби“.

Се вчитува...