Лионел Меси и неговата сопруга и тоа како често уживаат по ноќните клубови во Мајами по неговото доаѓање во редовите на Интер Мајами, и тоа не ретко во друштво на сопствениците на клубот, Дејвид и Викторија Бекам.
Сосема е јасно дека привлекуваат внимание на бројни посетители по клубовите кои посакуваат и фотографии со нив. Токму поради тоа, како што пренесува „Дејли мејл“, пред два дена дошло и до крвава пресметка во ресторанот „Геко“ во Мајами, поради Бекам и Меси.
Еден од гостите се обидел да направи фотографија со славните имиња, но обезбедувањето на Меси веднаш насрнало на него нанесувајќи му тешки повреди.
„Скокнаа на нас веднаш штом видоа дека се фотографираме во нивна близина. Ме исфрлија и ме удираа со боксови во лицето. Само затоа што мојот пријател се обиде да направи фотографија со својата сопруга, не со Бекамови или Меси, тоа беше семејна работа… Ако не сакаат да бидат опкружени со други луѓе па зошто тогаш излегуваат на јавни места? Нека си седат дома“ – реагираше по инцидентот претепаниот маж.

На едно од видеата може да се види и слушне жена како вика:
„Оставете го, тој е семеен човек, го прославува 21-от роденден на својата ќерка“.

Претходно, пак, во истиот ресторан меѓусебно се фотографирале и сопругите на Бекам, Меси и Бускетс и истите фотографии се објавени и на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

