Фудбалскиот репрезентативец на Србија, Филип Костиќ, кој е член на германскиот клуб Хамбургер, и неговиот брат брутално се претепани во ноќен клуб во Крагуевац, открива весникот „Курир“. Тие налетале на група хулигани и го извлекле најдебелиот крај во тепачката што се случила во ноќниот клуб.
Потешко е повреден братот на фудбалерот, а токму Филип Костиќ го спасил неговиот живот извлекувајќи му го јазикот од уста, откако тој почнал да се гуши.
Филип Костиќ се наоѓа на списокот на селекторот Младен Крстајиќ за настап на Светското првенство во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА