Брутално забивање на Саторански над 213 сантиметри високиот Поарие (ВИДЕО)

„Ел класико“ натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона во Суперкупот на Шпанија кој заврши со „кралска“ победа го одбележа и неверојатното забивање на кошаркарот на каталонците, Томас Саторански.

Во последната четвртина репрезентативецот на Чешка се затрча кон противничкиот кош и брутално „закуца“ над 213 сантиметри високиот француски центар Винсент Поарие за потег кој долго ќе се врти по најавните шпици.

Се вчитува...