Брзо „пука тиквата“: Реал Мадрид не е тим за Мбапе, нема кој да му ја додаде топката

Килијан Мбапе се соочува со огромна криза од стартот на сезоната во Реал Мадрид, но вината според дел од неговите сонародници треба да се бара и кај „кралскиот клуб“, не само кај голгетерот.

Еден од блиските пријатели на Мбапе даде интервју за францускиот весник „Л’Екип“, вината префрлајќи ја врз остатокот од тимот на Реал поради недоволниот број употребливи топки што ги добива голгетерот, коментар што сигурно ќе привлече негативно внимание во таборот на „кралевите“.

„Мбапе е играч зад кого мора да бидат соиграчите, му треба некој да го разигра, да му ја даде топката. Тој ги имаше Нејмар и Верати во ПСЖ, или Гризман во француската репрезентација. Погледнете го Реал, си замина Тони Крос, а Модриќ веќе не е оној стариот. Во средниот ред се Камавинга и Чуамени, но тие не се додавачи по природа. Проблемот станува се поголем“, изјави пријателот на Мбапе, чиј идентитет „Л’Екип“ не го објави во јавноста.

Истиот извор ги потврди и гласините дека самиот Килијан се соочува со огромни психолошки проблеми, нешто за што пред две седмици кратко говореше и францускиот селектор Дидие Дешамп.

„Килијан Мбапе е психолошки исцрпен човек, и тоа на така рана возраст… Се што му се случуваше последните шест месеци, имаше скршеница на носот, па тратуматичното заминување од ПСЖ, целиот оној скандал што наводно се случил во Шведска… Невозможно е да останеш со крената глава по сето тоа, мозокот е преоптоварен, а тоа се одразува и на телото“.

Се вчитува...