Брзо стигна демант: Зидан не се ни сретнал со првиот човек на ПСЖ

Зинедин Зидан воопшто се нема договорено за да го преземе кормилото на ПСЖ, иако бројни француски медиуми утрово објавија дека трофејниот стручњак постигнал целосен договор за да го наследи Маурицио Покетино на чело на „светците“.

Агентот на Зидан, Ален Миљачио, попладнево јасно стави до знаење дека двете страни воопшто не се блиску до договор.

„Сите овие гласини дека е постигнат договор со ПСЖ се целосно неосновани. Зинедин Зидан не се ни сретнал со првиот човек на ПСЖ, со кого што тврдеа дека ги договорил деталите од договорот. Јас исто така немам зборувано со газдата на ПСЖ, а јас сум единствениот што може да дејствува и преговара во име на Зидан“, изјави Миљачио.

Се вчитува...