Дербито на Супер-лигата меѓу Карпош соколи и МЗТ Скопје изобилуваше со возбудувања, за на крајот актуелнио шампион по голема битка да успее да го совлада новиот освојувач на Купот на Македонија.
Херојот беше сосема неочекуван – Љубомир Младеновски, играчот кој за малку ќе беше трагичар, откако на десет секунди пред крајот промаши две слободни фрлања, но кога беше најпотребно се најде на вистинското место, го блокираше обидот на Пери и му ја донесе победата на МЗТ.
Погледнете ја суперинтересната завршница на дербито во „СЦ Борис Трајковски“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА