Зинедин Зидан имаше јасно зацртан план при договорот за враќање назад во Реал Мадрид, а еден од приоритетите требаше да биде покрај Еден Азар да биде ангажиран и нов голгетер од светска класа. Заминувањето на Роналдо очигледно остави голема дупка во таборот на Реал, па Зизу сметаше дека е неопходно да се доведе нова „деветка“.
Сепак, францускиот стратег во меѓувреме ги промени трансфер-плановите, а главен виновник за тоа е Карим Бензема. „Деветката“ на Реал постигна шест гола на последните пет меча, дел од нив во клучните моменти од натпреварите, убедувајќи го Зидан дека има се што е неопходно за да остане прв напаѓач на Реал и во следната ситуација. Како што јавуваат мадридските медиуми, Флорентино Перез веќе добил „налог“ од тренерот воопшто да не стартува преговори за Хари Кејн од Тотенхем ниту за Родриго од Валенсија. Како опција се уште останува Лука Јовиќ од Ајнтрахт, за кого Реал е заинтересиран како долгорочна опција, па во првата сезона младиот Србин би му бил резерва на Бензема.
Како што одминува времето се повеќе се чини дека трансферот на Еден Азар е веќе договорен, а Реал најавува офанзива и по Пол Погба и Садио Мане. Ако на ова се додаде и веќе потпишаниот трансфер на Милитао од Порто, јасно е дека „кралевите“ се решени да создадат моќен тим со кој во следната сезона ќе атакуваат на сите можни трофеи.
Benzema is not exactly on his best goalscorer course but on acceptable numbers for a striker. He has scored 26 goals in 48 games, at 0.51 per game. He only has four goals less than those he did in the entire season 11-12 and two fewer than in the 15-16. And, beyond that, he has scored six goals in the last five games.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА