Будимпешта подготвена за ракометниот спектакл (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Будимпешта,

 Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски

Асфалтот „гори” еден ден пред стартот на ракометниот спектакл во Будимпешта. Отчукуваат последните часови до стартот на Ф4 турнирот од женската Лига на шампиони. „Плоштадот на хероите“ е првото место каде што симболично и официјално ќе биде означен стартот на овој турнир.

Пред да се појават претставниците  на четирите екипи учеснички на годинашниот Ф4 турнир во Будимпешта – Ѓер, Вардар, ЧСМ Букурешт и Ростов Дон пред новинарите на традиционалниот дел одвоен за медиумите, на плоштадот кој е еден од симболите на Будимпешта, веќе се одвиваат бројни активности. И покрај невообичаено високите температури за мај во Будимпешта, Ф4 турнирот и присуството на најдобрите четири женски ракометни екипи во Европа денеска собра бројни туристи, но и многу млади унгарски ракометари на познатата локација во центарот на Будимпешта.

 

Се вчитува...