Унгарската фудбалска федерација се кандидираше за домаќинство на завршницата на најелитното клупско европско натпреварување Лигата на шампионите во 2026 или 2027 година.
Унгарците и порано ја најавија кандидатурата, а денеска официјално и ја поднесоа до УЕФА, која во мај идната година ќе одлучува за тоа кои градови ќе бидат домаќини на финалињата во 2026 и 2027 година. На стадионот „Феденц Пушкаш“ оваа година се одигра финалето во Лигата на Европа.
Националната Арена во Будимпешта може да прими 67.215 гледачи, а изградена е 2019 година за потребите на ЕП 2020 година.
„Нашата желба е да донесеме престижни меѓународни натпревари во Будимпешта. До сега оргнизиравме финале во Лигата на шампионите во жени, финалето на Лигата на Европа и УЕФА СуперКуп, но сакаме да бидеме домаќини и на најголемиот натпревар. Но за такво нешто ќе мораме да го подигнеме стадионот на дополнително ниво“, изјави потрпаролот на унгарската федерација, Јено Сипос.
Во 2024 година финалето ќе се игра во Лондон на „Вембли“, додека во 2025 година домаќин ќе биде Минхен и мечот ќе се игра на „Алијанц Арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА