Будуќност ќе биде ослабен во финишот од оваа натпреварувачка сезона откако раководството на клубот реши да му врачи отказ на првиот плејмејкер Маркус Вилијамс. Американецот беше жестоко критикуван по првиот полуфинален меч со Црвена звезда поради незаинтересираноста што ја покажа додека се наоѓаше на теренот, а тренерот Зурос по консултациите со клупските челници реши повеќе да не го толерира ваквото однесување на својот најскап кошаркар.
„Маркус Вилијамс повеќе не е во нашиот тим. Тоа е одлука што ја донесе комплетниот стручен штаб по консултациите со управата. Тој покажа непочитување кон клубот, кон дресот што го носи, соиграчите и тренерите, како на паркетот, така и на тренинзите“ – изјави Зурос.
Будуќност во вторник ќе ја пречека Црвена звезда во вториот полуфинален натпревар од АБА-лигата, на кој евентуален пораз ќе значи и крај на настапот за црногорскиот шампион во регионалното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА