Будуќност го прегази Партизан за пол-позиција во АБА

Будуќност одигра нов фантастичен натпревар и по втор пат во сезоната го совлада фаворизираниот Партизан. Овој пат во главниот град на Црна Гора каде во 27. коло славеше со 81-77 за превземање на првата позиција на табелата со победа повеќе во однос на денешниот ривал.

По изедначената игра во првата четвртина (21-20) го превзема работите во свои раце. Одигра одлично во одбраната, домаќинот беше расположен и во нападот па на полувремето имаше и двоцифрена предност (43-33). Црногорскиот тим продолжи да го диктира темпото и во третата четвртина (68-57), а потоа и одолеа на налетот на белграѓани кои во последните десет минути стигнаа до негатива од пет поени, но нема сили за целосен камбек.

Рајт со 17 поени и шест асистенции беше лидер на Будуќност, додека 23 поени за Партизан постигна Карлик Џоунс.

Будуќност сега е прв во АБА лигата со скор од 24 победи и три порази, а Партизан втор со 23 победи и четири порази.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...