Будуќност ја заледи Црвена Звезда на „минус“ 22 во Подгорица

Будуќност ја продолжи победничката низа во АБА лигата откако во дербито на 19. коло славеше со преубедливи 84-62 против вицешампионот Црвена Звезда.

Црногорскиот тим беше подобриот противник уште од самиот старт на натпреварот, а по добрата завршница во првата четвртина (22-18) го задржа ритамот и до крајот на полувремето. Будуќност одигра фантастично на двата дела од теренот, доминираше во рекетот па стигна до високи 46-36 по 20. минути игра.

Ритамот опадна на отварањето на второто полувреме, но и покрај напорите на Црвена Звезда да се врати во натпреварот, евролигашот не успеа да намали на помалку од шест негатива. Дилемите за победникот беа целосно решени уште во воведот на послледните десет минути во кои Црногорците ја вратија двоцифрената предност, одиграа одново блескаво на двата дела и теренот и стигнаа до убедлив триумф.

Со 18 поени Фарел го предводеше Будуќност, додека 16 поени за Црвена Звезда постигна Митровиќ.

Се вчитува...