Будуќност прв го освои Белград, Партизан по 11 победи претре пораз

Будуќност му го нанесе првиот пораз на Партизан во АБА лигата славејќи на гостувањето во преполната арена во Белград со 90-97 во 12. коло.

Клучна за натпреварот беше втората четвртина која му припадна на црногорскиот тим со 22-32, предност која беше задржана до крајот на средбата и покрај напорите на белграѓани да се вратат во игра со драматична завршница. Во неа мирната рака на гостинските кошаркари од линијата за слободни фралања пресуди за голем триумф на „сино-белите“.

Со 23 поени и 5 скокови Браун беше прво име кај Партизан, додека Сулаимон со 22 поени го предводеше Будуќност.

Се вчитува...